Припадничка на британските сили се породи во Авганистан

Од:

Несвесна дека е бремена, припадничка на британските сили роди здраво машко дете во болница во воениот камп Бастион, главна британска база во Авганистан.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека состојбата на мајката и бебето е стабилна и педијатриски тим ќе биде испратен во Авганистан за да се грижи за нив додека се вратат во државата.

Политика на армијата не е да испраќа припаднички на оружените сили во воени операции доколку се бремени. Во овој случај Министерството не било известено за бременост, се вели во соопштение на Министерството.

Според Дејли меил, ниту жената не била свесна дека чека бебе. Жената-артилерец била бремена пред почетокот на 6-месечното ангажирање во Авганистан. За време на подготвителнито тренинг морала да пешачи по 13 км. и да трча по 6 км. дневно. Поради болки во стомакот, одведена била во болницата каде лекарите и рекле дека само што не се породила, објави весникот повикувајќи се на воени извори.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов