Приближно 1.000 советски војници погребани 70 години по Втората светска војна

Од:

Останките на 964 советски војници, откриени од доброволци на местото на една од најголемите битки на Источниот фронт во текот на Втората светска војна, вчера беа погребани, два дена пред одбележувањето на 70-годишнината од победата над фашизмот, пренесоа француските медиуми.

Приближно 200 лица, вклучувајќи и локални претставници, доброволци и блиски на војниците загинати во борбите, им оддадоа почит на војниците, чии коски беа положени во повеќе од 50 ковчези.

Доброволците го открија останките во Синјавино, во близина на Санкт Петербург, средиштето на големата советска офанзива во 1942 година, која имаше за цел да ја разбие блокадата на Ленинград, градот што околу една година беше опколен одгерманските војници.

Во тешките борби на ридовите на Синјавино загинаа десетици илјади советски војници. Условите на фронтот, меѓутоа, не секогаш дозволувале погребување на телата на загинатите војници, кои често пати биле оставани во рововите  и на заедничките гробови. Секоја година руски доброволци откриваат останки на илјадници војници на Црвената армија на некогашните борбени полиња од Втората светска војна, во која животот го загубија најмалку 27 милиони советски граѓани.

Откриените коски се идентификуваат и погребуваат со воени почести.

-Наш долг е да им оддадеме последна почит на војниците, загинати во борбите против нацистите, изјави Вјечеслав Севостјанов, 18-годишен доброволец, кој се занимава со истражувањата.

Крај Синјавино се откриени и погребани останките на приближно 15.000 лица, но само 3.000 беа успешно идентификувани. Многу ретко се открива нешто што ќе дозволи успешна идентификација на војникот – медаља или лични работи, објаснува Севостјанов.

Русија се подготвува многу свечено да ја одбележи 70-годишнината од советската победа над нацистичка Германија. На 9 мај на Црвениот плоштад ќе се одржи досега невидена воена парада, на која ќе продефилираат над 16. 000 војници, 194 оклопни транспортери и 143 авиони и хеликоптери.

Би можело да ве интересира

Полска бара oтштета за Втората светска војна, Германија вели дека се е подмирено

А1он

САД одбележуваат 80 години од нападот на Перл Харбур

Ана Ололовска

Германски пензионер во подрум чувал нацистички тенк, не знаат за што да го судат

Жарко Настоски

Кина одбележува 75-годишнина од крајот на Втората светска војна

Ана Ололовска

Втората светска војна и нацистите: Во Аргентина пронајден список со 12.000 тајни сметки во банки

Ана Ололовска

Втора светска војна: Би-Би-Си и тајните активности во борбата против нацистите

Ана Ололовска