Припадници на Претседателската гарда на Буркина Фасо,извршија воен удар во оваа африканска земја, остранувајќи ги од власта Транзициската влада и привремениот претседател Мишел Кафандо.
Претставник на Гардата во обраќање преку државната телевизија објави дека привремените власти се распуштени и дека ќе се формира нова влада.
– Еден нов Национален демократски совет ќе ја преземе контролата врз земјата,за да се промени сегашниот настран режим, рече во своето телевизиско обраќање потполковникот Мамаду Бамба.
Пучот почнал вчера, кога припадници на Гардата ги уапсија привремениот претседател Мишел Кафандо и премиерот Исак Зида за време на седница на Транзициската влада.
Воениот удар се случува пред претстојните претседателски избори, што се закажани за 11 октомври, како и неколку дена откако беше соопштено дека Претседателската гарда ќе биде распуштена.
Гардата го поддржува поранешниот претседател Блез Компаоре, кој долго владееше со земјата, но кој во октомври минатата година беше принуден да се повлече од власта и да замине во прогонство по масовните протести во Уагадугу и во другите градови на Буркина Фасо, организирани со барање за враќање на вистинската демократија.
Очевидци од Иагадугу јавуваат за „силни пукотмници’ кои доаѓаат од деловита на градот каде што се наоѓа претседателската резиденција, иако не се знае кој со кого војува во оваа ситуација.
На главниот плоштад во Уагадугу има насобрано повеќе илјади демонстранти кои протестираат против пучот на војниците и бараат ослободување на претседателот и на премиерот на земјата.
Францускиот претседател Франсоа Оланд остро го осуди воениот удар во оваа поранешна француска колонија и побара да бидат ослободени претседателот Мишел Кафандо и премиерот Исак Зида.