Претседателот на Тунис го смени директорот на државната телевизија

Од:

Tунискиот претседател Каис Саид го разреши директорот на националната телевизија Мохамед ал-Дахач и именува негов заменик, по повикот за заштита на слобода на говорот, соопшти претседателскиот кабинет.

Саид го смени Ал Дахач по вчерашниот инцидент, кога претставници на синдикатот на новинари и на синдикатот за човекови права тврдеа дека им е забранет влез на телевизијата, дури и ако се поканети да се појават во емисија, пишуваат западните медиуми.

Амира Мохамед, заменик шеф на синдикатот на новинари, истакна дека Дахач и рекол оти командантот на војската му наредил да не пушта гости во зградата на телевизијата.

Како што се наведува, Дахач и претставникот за човекови права Басем Трифи подоцна успеале да се појават во емисијата, додека советник на Саид и портпарол на војската, исто така, биле интервјуирани во програмата, каде што и двајцата негирале каква било наредба за спречување на гостите.

Шефот на државата во неделата повика на итни овластувања за преземање контрола врз Владата, за смена на премиерот и блокирање на Парламентот, а војската ја опколи телевизиската станица, додека неговите противници таквиот потег го нарекоа државен удар.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен