Претседателот на Летонија ја одобри новата Влада

Од:

Претседателот на Летонија Андрис Берзниш денеска го одобри составот во новиот владин Кабинет, кој својата прва седница ќе ја оддржи на 5 ноември, соопшти премиерката Лаимдота Страуjума по средбата со шефот на летонската држава.

На парламентарните избори, кои беа одджани на 4 октомври, победи социјалдемократската партија „Согласност“, која ги претставува интересите на руското малцинство во Летонија. Партијата освои 24 од 100-те места во парламентот, но не беше поканета во преговорите за фромирање влада на трите партии од досегашната владејачка коалиција.

Вчера партијата Единство, Унијата на зелените и земјоделците и Националната унија, кои заедно имаат 61 пратеник во Парламентот, се договорија да формираат влада предводена од Стрaуjума.

Во новата Влада, Единство ги доби премиерското место и министерства за надворешни работи, за внатрешни работи, комуникации, образование и наука, Унијата на зелените и земјоделците ресорите за одбрана, земојделство, економија и здравствоа, а Националната унија ќе раководи со министерствата за култура, правдата и животната средина и регионален развој.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија и испрати предупредување на Летонија пред тужба за дискриминација на Русите

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели