Претседателот на Бразил стави вето на законот за задолжително носење маски

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро стави вето на закон за носење маска на јавни места и задолжително носење во јавниот превоз. Забраната се однесува на задолжителната употреба на маска во јавната администрација, трговски, индустриски и верски објекти, како и во затворени простории каде што се собираат многу лица.

Болсонаро истакна дека државните институции во Бразил не се должни бесплатно да им обезбедат маски на вработените и клиентите. Кон крајот на јуни, федерален судија во Бразил му нареди на Болсонаро да носи маска за лице на јавно место откако екстремно десничарскиот лидер одби да ги почитува мерките за контрола на коронавирусот во Бразил.

– Шефот на државата редовно ги крши мерките за физичко растојание во главниот град, се ракува и се прегрнува со приврзаници на митинзи, организира забави, оди на стрелишта, во ресторани за брза храна и постојано е без маска, пренесуваат бразилските медиуми.

Од почетокот на епидемијата, во Бразил се регистрирани 1.496.858 случаи на Ковид-19, од кои 61.884 лица починале.

Би можело да ве интересира

Болсонаро e обвинет за обид за државен удар

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница