Претседателката на Литванија: Путин е ист како Хитлер и Сталин

Од:

Претседателката на Литванија, Далија Грибаускајте го спореди рускиот претседател Владимир Путин со Хитлер и Сталин и рече дека тој го користи потеклото на нацијата, како изговор за воено освојување на некоја држава, поради што решавањето на украинската криза е далеку.

-Точно како што правеа Хитлер и Сталин. Таквата споредба е апсолутно вистинита- рече таа за германски „Фокус“ и додаде дека не само Украинците туку и балтичките држави и Полска ја чувстуваат руската агресија.

d-gribauskajte

Грибаускајте истакна и дека практично секоја недела се одржуваат руски воени вежби во Каљинград, на границата со Литванија.

Претседателката оцени и дека Русија сака да ги држи балтичките држави во стопанска и енергетска зависност и од нив да направи недоверливи партнери на ЕУ и НАТО, но и дека не верува во Путин и брзо решавање на украинската криза.

-Тој многу калкулира. Тоа што ќе го вети не го спроведува, а доколку го спроведе тоа е затоа што нему му служи- рече Грибаускајте.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија