Преостанатите пари од буџетот на ЕУ речиси целосно наменети за пандемијата на Ковид-19

Од:

Советот на ЕУ соопшти дека денеска се одобрени предлозите за измени на буџетот на Унијата за 2020 за да се обезбеди поголема помош во борбата против пандемијата на коронавируост, јави дописничката на МИА од Брисел.

-ЕУ ги става на располагање речиси сите преостанати пари од овогодишниот буџет за борбата против пандемијата со Ковид-19, информираат од Советот на ЕУ.

Покрај здравствената криза, буџетот на ЕУ ќе биде наменет во голем дел за помош на Грција во справувањето со бегалската криза, како и за помош на Албанија за реконструкцијата на земјата по земјотресот.

-Ревидираниот ЕУ буџетот за 2020 деблокира клучни ресурси за справување со предизвиците без преседан со кои се соочуваат ЕУ и нејзините земји членки. Наш врвен приоритет е да им помогнеме да националните здравствени системи да се справат со епидемијата од Ковид-19. Овие пари ќе бидат наменети за медицинска опрема, изградба на полски болници и трансфер на пациенти во други земји членки, изјави Здраво Мариќ, хрватскиот министер за финансии, чија земја моментално претседава со ЕУ.

Со овие буџетски измени се зголемуваат заложбите на 3,57 милијарди евра за целокупен износ од 172,2 милијарди евра, а исплаќањата се зголемуваат за 1,6 милијарди евра за целокупен износ од 155,2 милијарди евра, соопшти Советот на ЕУ.

Измените ќе треба сега да бидат одобрени од страна на Европскиот Парламент на идната пленарна седница.

Европската Унија сѐ уште не донела буџет за финансискиот период 2021-2027.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски