Премиерот Наџиб Разак бара Северна Кореја итно да ги ослободи сите Малезијци

Од:

Малезискиот премиер Наџиб Разак ја повика денеска Северна Кореја итно да ги ослободи сите малезиски државјани, откако Пјонгјанг им забрани да ја напуштат земјата.

– Ваквиот лош потег на држење на нашите државјани како заложници е целосно спротивно на меѓународното право и дипломатските норми, изјави Наџиб, додавајќи дека свикал итна седница на Националниот совет за безбедност.

Тој истакна дека побарал од полицијата да не му дозволува на ниту еден севернокорејски граѓанин да ја напушти Малезија, се додека не биде добиена потврда за гарантирање на безбедноста на Малезијците во Северна Кореја.

Според податоците на амбасадата на Малезија, во Северна Кореја се наоѓаат 11 малезиски државјани.

Дипломатскиот конфликт меѓу двете земји започна по убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер на аеродромот во Куала Лумпур.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета