Премиерот на Малта во посета на Либија поради проблемот со илегалната миграција

Од:

Премиерот на Малта Џозеф Мускат пристигна денеска во Триполи на разговори со либискиот колега Али Зајдан за проблемот со мигрантите, кои ја користат Либија како стартна точка за да стигнат до европските крајбрежја.

Мускат пристигна во ненајавена посета на Триполи по неколкуте неодамнешни трагедии што се случија во Медитеранот каде што стотици мигранти се удавија при потонување на бродови.

Најновата трагедија се случи во петокот јужно од италијанскиот остров Лампедуза. Либискиот премиер најави цврста решителност на земјата во борбата со илегалната имиграција.

– Цврсто планираме да го решиме проблемот, рече Зејдан на заедничката прес-конференција со колегата од Малта. Зејдан дополни дека побарал од ЕУ пристап до системот за сателитско набљудување за да можат либиските власти да ја контролираат морската и копнената граница.

Од своја страна Мускат рече дека при кусата посета со либиските власти ги разгледувал начините за соработка во областа на безбедноста и посебно во борбата против илегалната миграција.

– Разговаравме за серија предлози, кои ќе им ги пренесам на европските колеги, рече тој.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски