Премиерот на Луксембург поднесе оставка поради скандал со злоупотреби во разузнавачките служби

Од:

Премиерот на Луксембург Жан-Клод Јункер, кој 18 години ја извршува функцијата, вчера беше принуден да поднесе оставка како резултат на скандалот со злоупотреби во разузнавањето.

– Ќе свикам состанок на Владата в четврток и ќе ја предадам оставката. Од претседателот ќе побараме одржување предвремени избори, рече Јункер пред Парламентот.

Седум часа вчера законодавниот дом на Војводството Луксембург разгледуваше извештај, според кој разузнавачките служби незаконски прислушувале политичари, купувале автомобили за лична употреба и постојат сомневања дека добивале поткупи во замена на податоци за локални официјални лица.

Поради скандалот христијандемократите на Јункер ги напуштиле коалициските партнери социјалистите, кои побарале од премиерот да преземе политичка одговорност. Јункер тврди дека не знаел за злоупотребите на луксембуршките разузнавачи.

Би можело да ве интересира

Во оваа земја во Европа луѓето работат најмалку, најмногу уживаат и најдолго живеат: Ја нарекуваат „рај на земјата“

Жителите на најбогатата земја во Европа три години имаат бесплатен јавен превоз

По Малта и Луксембург ќе ја легализира марихуаната

А1он

Луксембург загрижен за ситуацијата со нуклеарната електрана Катеном во Франција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Насилен протест во Луксембург против корона мерките

Ана Ололовска

Премиерот на Луксембург обвинет за плагијат призна дека „требало да постапи поинаку“

Ана Ололовска