Премиерот на Луксембург Жан-Клод Јункер одби да поднесе оставка и им предложи на противниците да се обидат да го сменат со гласање на доверба во Парламентот.
Јункер одби да поднесе оставка по објавувањето на извештајот за злоупотребите на разузнавачката служба на Луксембург односно прислушувањето на политичарите.
Противниците на Јункер во Парламентот – Зелените и Луксембуршката демократска партија директно го обвинија премиерот, кој ја контролира работата на разузнавачките служби, дека занел за сите пречекорувања на нивните овластувања.
Јункер ги отфрли обвинувањата, додавајќи дека имало „одредени грешки“ во работата на разузнавачките служби.