Премиерот на Фландрија го осуди апсењето на каталонските лидери

Од:

Премиерот на белгискиот регион Фландрија, Герт Буржоа го осуди потегот на шпанскиот Врховен суд, кој им изрече мерка притвор на осум членови на разрешената каталонска Влада.

Властите на Фландрија, како и на други региони како Шкотска или Велс, им изразуваат поддршка на каталонските сепаратисти и по заминувањето на разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во Белгија се очекуваше дека тој може да побара засолниште токму во Фландрија.

– Апсењето на демократски избраните лидери е повеќе од драконска мерка. Збунет сум дека нешто такво е можно во денешна Европа, изјави Буржоа, кој ја повика Европската унија да интервенира во политичката криза.

Фландрија, каде мнозинство е холандската заедница во Белгија, има широка автономија, која и беше дадена со цел да се намалат сепаратистичките тенденции во регионот.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж