Прекинати интернет и мобилните врски во Алепо

Од:

Интернет и мобилните врски во Алепо се прекинати, експлозии одекнуваат на турско-сириската граница

Интернет и мобилните комуникации од синоќа се прекинати во вториот по големина сириски град Алепо, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Тоа вообичаено и претходно на голема операција на армијата, изјави извор од сириските сили за безбедност.

Бунтовниците од Сириската ослободителна армија тврдат дека контролираат 50 проценти од Алепо, каде армијата редовно отвара оган кон квартовите, преземени од бунтовничките сили.

Во меѓувреме долж границата меѓу Турција и Сирија одекнуваат силни експлозии, додека турската војска на границата изведува тенковска воена вежба.

Експлозиите од сириската страна на границата доаѓаат од околниот град Азаз, кој е под контрола на бунтовниците, во близина на пограничкиот турски округ Килиса. Оваа област е една од главните рути за премин на бегалци во Турција и за бунтовиците, кои заминуваат да се борат во Алепо.

Турската војска одржува тенковска воена вежба на границата со Сирија, а се претпоставува дека цел на вежбата е да се демонстрира сила, поради сомневањата на турските власти дека сириските Курди се поврзани со Курдската работничка партија и оти тие ги контролираат областите долж границата од сириска страна.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски