Преговорите меѓу Северна и Јужна Кореја завршија без резултат

Од:

Преговорите меѓу високи воени претставници на Северна и Јужна Кореја, кои се одржаа на пограничниот пункт Панминџонг, завршија без резултат.

Портпатолот на јужнокорејското Министерство за одбрана изјави дека двете страни не успеале да постигнат договор за важни прашања, како што се судирите во регионот на поморската граница во Жолтото Море.

Јужна Кореја и предложи на Северна Кореја да се организираат преговори на ниво на заменици-министри за надворешни работи на 30 октомври, изјави претставник на Владата во Сеул. Јужна Кореја се согласила преговорите да се одржат на севернокорејската страна на граничниот премин во демилитаризирана зона, која ги дели двете држави.

Сеул овој предлог го даде уште во понеделникот, но одговор од Пјонгјанг се уште нема.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња