Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Од:

Според последните податоци, во светот до сега има 6.511,213 лица заразени со коронавирус.

Од нив починаа 384.462, а оздравени се 3.099,058 луѓе.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, 5.110 лица биле тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 69 од нив.

Во земјата, во овој период, нема смртни случаи од последиците од коронавирусот.

Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 245,а излекувани се 6.852 пациенти.

Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се 20 новозаразени со Ковид-19, од тестираните 297 сомнителни случаи во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата направени 16.817 тестови, од нив 15.365 молекуларни и 1.452 серолошки.

Вкупната бројка на заразнеи изнесува 1.184.

Рекорден број смртни случаи е регистриран во Бразил за еден ден, објави бразилското Министерство за здравство.

Епидемијата не покажува знаци на слабеење во оваа најголема земја во Латинска Америка, каде, во последните 24 часа, потврдени се 28.936 нови случаи на инфекција и 1.262 смртни случаи.

Досега во Бразил се разболеле 555.383 лица, а 31.199 починале.

Бројот на откриени случаи на коронавирус во Индија во последните 24 часа е зголемен за повеќе од 8.900 лица.

Бројот на заразени лица во земјата достигна 207.615, според Министерството за здравство и грижа за семејството.

Според Министерството, во моментов се лекуваат 101.497 лица заболени од болеста, а оздравеле 100.302 лица. Во Индија досега се починаа 5.815 лица.

Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Русија за последните 24 часа е 8.536, а за целиот период на пандемија – 432.227, соопшти оперативниот штаб за борба против коронавирусот.

Во изминатите 24 часа имало 178 смртни случаи, со што вкупната бројка достигна 5.215.

Вкупно оздравеле 195.957 пациенти, а само во последните 24 часа, 8.972 пациенти примени на третман со коронавирус се отпуштени од болниците.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски