Прегласниот говор на австрискиот канцелар им пречел на соседите

Од:

На една виенчанка и пречел гласниот говор на австрискиот канцерал Кристијан Керн, по што вербално ги нападнала присутните на настанот.

Забавата во еден ресторан на 16. виенски округ предизвика негодување кај соседите.

Списокот на гости беше многу проминентен, затоа што на забавата присуствуваа претседателот на Австрија Александар ван дер Белен и канцеларот Керн, а причината за собирање беше простување со дописничката на Зидојче цајтунг, Катрин Калвајт.

Во текот на вечерата имало смеење, пиење, јадење, но и одржани говори. Меѓу говорниците беше канцеларот Керн кој зборувал доцна вечерта, што налути една жена, која живее непосредно до ресторанот.

– Дали знаете колку е часот, викаше жената од прозорот.

Откако присутните и одговориле дека моментано зборува канцеларот Керн, таа реагирала на типично виенски начин: „воопшто не ми е грижа“.

Овој пример покажува дека на многу виенчани поважен им е вечерниот мир од каков било говор на канцеларот, затоа што жената повикала и полиција, која пак не утврдила никакво кршење на вечерниот мир.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче