Предвремени парламентарни избори на Малта

Од:

Граѓаните на Малта денеска гласаат на предвремени парламентарни избори, кои премиерот Џозеф Мускат ги распиша за повторно да ја добие довербата по обвиненијата дека неговата жена поседува компанија која е поврзана со Панама документите.

Анкетите предвидуваат победа на Лабуристичката партија на Мускат, но со многу помала разлика од 2013 година, кога партијата убедливо победи по 15 години во опозиција. Истражувањето на јавното мислење покажува и дека една петтина од гласачите се неопределени.

Опозициската Националистичка партија побара од Мускат (43) да поднесе оставка поради обвиненијата за некоректни бизнис договори на неговата сопруга и на дел од неговите соработници.

Сопругата на Мускат е обвинета дека е сопственик на тајна панамска фиктивна компанија, која е користена за финансики трансакции за владејачкото семејство во Азербејџан.

Шефот на кабинет на Мускат и еден министер во неговата влада претходно признаа дека имаат непријавени компании регистрирани во Панама.

Малта, која претседава со Европска унија, е најмалата земја-членка во Унијата.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски