Предупредување од САД дека Иран подготува ракетен напад, Израел одговори дека ќе има последици

Од:

Голем број медиуми пренесуваат дека висок функционер на Белата куќа изјавил дека САД имаат индиции дека Иран се подготвува наскоро да изврши напад со балистички ракети против Израел.

Неименуваниот функционер, исто така, предупреди дека директен ирански напад врз Израел ќе има сериозни последици.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари вели дека Израел во овој момент не идентификувал никаква воздушна закана од Иран. Овој потег доаѓа откако официјален претставник на Белата куќа изјави дека САД имаат индиции дека Иран подготвува напад со балистички ракети врз Израел.

Хагари додаде дека армијата е во состојба на готовност и дека иранскиот напад ќе има последици.

Би можело да ве интересира

ВО ЖИВО: Иран го нападна Израел

Катерина Ѓуровски

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

ВИДЕО: Хезболах ја „проби“ железната купола во близина на Тел Авив: Цел биле штабовите на Мосад

Шефот на тајната иранска служба бил израелски шпион

Предраг Петровиќ

Израелската армија ги објави првите снимки од инвазијата во Либан, префрлена елитната дивизија од Газа

Предраг Петровиќ

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка