Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Од:

Цените на нафтата скокнаа до 74 долари на меѓународните пазари, откако американски официјален претставник изјави дека има знаци дека Иран се подготвува да го нападне Израел, што ги поттикна стравувањата дека одговорот на нападите на Израел врз Либан сериозно ќе ги загрози испораките од клучниот производствен регион.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 2,04 долари повисока од вчерашното затворање и изнесуваше 73,74 долари. Речиси за истото поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 70,28 долари.

Вниманието на пазарот го привлече изјавата на неименуван функционер во Белата куќа за сигналите која сугерира дека Иран се подготвува да лансира балистички ракети кон Израел. САД активно ги поддржуваат подготовките за одбрана на Израел од таква закана, рече неименуваниот функционер, предупредувајќи на ужасните последици од можниот директен воен напад на Иран врз Израел.

На овој начин Иран би одговорил на израелските напади врз Либан, во кои, покрај водечките политички и воени функционери на Хезболах, загинаа и стотици цивили. Во понеделникот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди во порака на англиски јазик „иранскиот народ“ дека „Израел може да стигне до секој агол на Блискиот Исток“.

Ќе стигнеме на секое место за да го заштитиме нашиот народ и нашата земја“, нагласи израелскиот премиер во пораката до Иранците. Блискиот исток произведува една третина од светската нафта, која најмногу минува низ Ормускиот теснец, контролиран од Иран.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток