ВИДЕО: Хезболах ја „проби“ железната купола во близина на Тел Авив: Цел биле штабовите на Мосад

Од:

Хезболах изврши ракетен напад од Либан врз централниот дел на Израел, пробивајќи го израелскиот противракетен систем „Железна купола“ во близина на Тел Авив.

Неколку ракети ја погодија околината на градот, предизвикувајќи тревога во голем број области, вклучувајќи ги Гуш Дан, Шарон, Јаркон и Самарија.

Хезболах објави дека со проектили Фади-4 го гаѓал седиштето на Мосад во областа Тел Авив и разузнавачката база Глилот.

Според проценките на израелската војска, во нападот биле истрелани три до четири ракети, од кои некои биле успешно пресретнати, но најмалку една ракета паднала во близина на Кафр Касим, на рутата 6.

Израелските медиуми јавија дека од ударот маж на возраст од 50 години се здобил со умерени повреди.

Аларми за воздушен напад се огласија во десетици градови и населени места низ северен Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Кфар Саба и Раанана, додека властите ги повикаа граѓаните да бидат внимателни.

Израелската војска соопшти дека деталите за инцидентот се уште се истражуваат.

За потсетување, утринава израелската армија започна офанзива во неколку градови и области во јужен Либан, вклучувајќи ограничени и насочени копнени напади против цели на Хезболах. Либанската армија се повлече од своите позиции во близина на границата, додека Хезболах соопшти дека е подготвен за копнени борби. Продолжува ескалацијата на конфликтот во целиот регион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер