Пратеници од ЕП повикуваат да се следи примерот на Шведска за симболично признавање на Палестина

Од:

Во неколкучасовна жестока дебата повеќе пратеници од Европскиот парламент ги повикаа своите колеги да го следат примерот на Шведска, чија влада во октомври го призна постоењето на палестинската држава, наспроти незадоволството на израелските власти, пишува британскиот весник „Индепендент“.

Парламентите на Велика Британија, Ирска и Шпанија преземаа симболични чекори, повикувајќи ги своите влади да разгледаат ваков потег, а во Франција темата ќе се разгледа оваа недела.

– Оваа парламентарна иницијатива може да даде дополнителне импулс, што ќе ги доведе преговорите до успешен крај и да донесе мир на Блискиот Исток, изјави британскиот европратеник Ричард Ховит.

Други пратеници од ЕП предупредија дека таквата позиција може да ја компромитира улогата на ЕУ на неутрален преговарач. Гласањето требаше да биде денеска, но е одложено за декември, поради силниот притисок од Израел и самите поделби во ЕУ. Германија е против официјално признавање. Дури и гласањето во декември да помине, тоа ќе биде симболично, а не обврзувачко, бидејќи официјално признавање зависи од 28-те влади во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он