Пратеници бараат санкции против европратеникот Џамбаски поради расистички коментари

Од:

Пратеници од Зелените и Социјалдемократите во Европскиот Парламент испратија писмо до претседателот на Европскиот Парламент во кое бараат да се санкционира бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, поради расистички коментари.

Ангел Џамбаски, европратеник од редовите на бугарското ВМРО, во интервју за Еурактив на бугарски го коментираше исходот на преговорите помеѓу Парламентот и Советот реформата на транспортниот сектор во ЕУ.

Во тоа интервју, Џамбаски обвинува двајца пратеници од редовите на Зелените и Социјалдемократите за, според него, „неуспешниот исход“ на овие преговори. Пратениците кои тој ги таргетира, Карима Дели, е француска пратеничка од партијата на Зелените и претседателка на комисијата за транспорт на Европскиот Парламент, и Исмаил Ертуг, германски пратеник и потпретседател на социјалдемократската партија во ЕП.

Спорниот пасус во написот на Еурактив гласи: “Џамбаски ја обвини претседателката на комисијата за транспорт, Карима Дели, која ја нарече “Французинка од алжирско потекло“, помогната од “Германец со турско потекло“.

Шефот на групата на Зелените во Европскиот Парламент, Филип Ламбертс, на пленарната седница во ЕП вчера му се обрати на Сасоли.

-Ваквите карактеризирање се неприфатливи овде, сите сме европски пратеници, сите сме со различно потекло и не доаѓа в предвид да се таргетираат колеги поради нивното потекло, сите сме европски пратеници и би сакал од вас да го предупредите пратеникот Џамбаски, му рече Ламбертс на Сасоли.

Во писмото до претседателот Сасоли, Дели и Ертуг потсетуваат дека изјавите на Џамбаски се во спротивност со членот 21 на Повелбата за темелни права на ЕУ и бараат итно од претседателот да му наложи на бугарскиот пратеник да се извини и да бидат преземени мерки против него согласно правилникот на Европскиот Парламент.

Дели и Ертуг потсетуваат исто така дека Џамбаски неодамна побара извинување од францускиот претседател Емануел Макрон поради неговите изјави за Бугарија.

-Во овој контекст се надеваме дека Џамбаски ќе ги почитува истите стандарди кои ги бара од другите. Како заклучок, би сакале да го цитираме самиот Џамбаски: “Ова е чист расизам и ксенофобија, неговата изјави е скандалозна демонстрација на обратна дискриминација“, изјави тогаш Џамбаски за Макрон.

Карима Дели се огласи и на Твитер каде порача дека “нема место за расизмот ниту во Европскиот Парламент, ниту во нашите општества, јас се гордеам со моите корени и се гордеам што моите родители дојдоа од Алжир, никогаш нема да дозволам да се доведе во прашање мојата работа поради моето потекло“.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески