Прашањето не е дали, туку кога ќе започне војната на Корејскиот Полуостров, предупреди Пјонгјанг

Од:

Севернокорејското Министерство за надворешни работи ги информира странските дипломатски претставништва во земјата да размислат за евентуално евакуирање на својот персонал поради зголемените тензии на Корејскиот Полуостров, објавија кинеските медиуми.

Во документот се наведува дека ваквиот предлог доаѓа поради зголемените закани кон Северна Кореја од страна на САД и поради крајно тензичната ситуација на Корејскиот Полуостров.

Прашањето не е дали, туку кога ќе започне војна на Полуостровот, истакнува севернокорејското Министерство.

Владата во Пјонгјанг ќе му обезбеди на дипломатскиот персонал сигурни засолништа, како што предвидуваат меѓународните конвенции, додава МНР на Северна Кореја.

Засега нема официјална реакција од Пекинг во врска со севернокорејското предупредување.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња