Прајс: Евакуацијата на персоналот од амбасадата на САД во Кабул заврши безбедно

Од:

Нед Прајс, портпарол на Стејт департменот денеска објави безбедно окончување на евакуацијата на дипломатскиот персонал од американската амбасада во Кабул.

-Потврдуваме дека безбедната евакуација на целиот персонал на амбасадата сега е завршен. Сиот персонал на амбасадата е лоциран во објакти на меѓународниот аеродром Хамод Карзаи, чиј периметар е обезбеден од војската на САД, соопшти Прајс.

Претседателот Џо Бајден претходно одобри распоредување на дополнителни 1.000 американски војници на аеродромот заради обезбедување на објектот среде евакуацијата на дипломатскиот персонал на САД, како и на авганистанските државјани кои бараат статус на бегалци во Вашингтон.

Во меѓувреме, вкупно 64 земји синоќа потпишаа заедничка изјава која повикува на безбедно и уредно заминување на сите што сакаат да го напуштат Авганистан по талибанската офанзива.

Помеѓу земјите потписнички на заедничката изјава, меѓу останатите се и САД, Канада, Франција, Германија и Велика Британија.

Портпаролот на талибанците, Забинулах Муџахид, вчера соопшти дека започнале да ја преземаат контролата врз Кабул и јавните згради откако владините сили го напуштија главниот град на Авганистан. По вестите за преземањето на контролата врз градот, голем број улици во Кабул останаа празни.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти