Пожар во Москва, 17 загинати

Од:

Седумнаесет лица загинаа во пожар кој изби во едно складиште во Москва, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Пред да се разгори пламенот, во зградата имало 30 државјани на Киргистан, кои работат таму легално, соопшти претставник на полицијата.

Дванаесет од нив биле спасени и според нивните сведочења, внатре останале уште најмалку десет лица.
Пожарникарите успеале да дојдат до просторија, опколена од огнот, каде ги пронашле телата на шеснаесет лица, задушени од отровните испарувања.

Четвори лица се хоспитализирани, од кои една жена подоцна починала.

Печатницата и магацинот припаѓаат на компанијата „Печатниј експрес”, која освен издавачки врши и дизајнерски услуги.

Дефект на тело за осветлување е причината за пожарот во магацинот, соопшти началникот на главната управа при Министерството за вонредни ситуации во Москва Иља Денисов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лажен аларм во театарот „Бољшој“ во Москва, евакуирани над 2.000 луѓе

Горан Наумовски

Маж од Буенос Аирес усмрти три жени, четвртата се бори за живот

Во Белград: Две лица се избодени со нож, жена е повредена во пожар

Се запали локомотива во Гевгелија

(ВИДЕО) Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Предраг Петровиќ