Пожар во Фиренца предизвика откажувања и хаос во железничкиот сообраќај

Од:

Пожар што утринава пламнал на железницата во Фиренца доведе до повеќечасовни доцнења и откажувања на повеќе од 20 брзи возови, јавија британските медиуми.

Огнот се појавил во управувачката единица и најверојатно станува збор за подметнат пожар, соопшти РФИ, компанијата која управува со железницата.

Заради пожарот во сериозни проблеми се најдоа илјадници патници кои доаѓаа или си заминуваа од Фиренца, а инцидентот го наруши сообраќајот ширум земјата, вклучувајќи ги и големите градови. Сето ова се случува во неделата кога синдикатот за сообраќај најави штрајк од среда до недела низ цела Италија.

Возовите денеска во просек доцнат по три часа, но имаше и 25 откажувања на брзи возови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим