Пожар во 88-катница во изградба Астана

Од:

Во 88-катна кула во изградба во казахстанскиот главен град Астана денеска избувна голем пожар, поради кој биле евакуирани околу 120 лица од околните објектот.

Пожарот избувнал рано изутранава на 25-от кат на кулата „Абу Даби Плаза“ и набрзо се проширил. За негово гаснење на противпожарните екипи со 20 возила им биле потребни околу четири часа.

Во инцидентот нема повредени.

Според првичните резултатии од истрагата, пожарот го предизвикале топлинските генератори кои работат на дизел гориво.

Изградбата на кулата „Абу Даби Плаза“ започна во 2010 година и според планот, треба да биде завршена во текот на годинава. Со своите 380 метри „Абу Даби Плаза“ ќе биде највиска зграда во централна Азија.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски