Повторно престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија во Кашмир

Од:

Најмалку девет лица загинаа при престрелка помеѓу припадниците на пакистанската и индиската армија во спорната хималајска област Кашмир.

Индиската војска соопшти дека на мета на пакистанските војници биле индиски граничен пункт и цивилните области долж милитаризираната граница во Кашмир и дека загинале двајца индиски војници и еден цивил.

Портпаролот на индиската армија Раџеш Кали наведе дека се повредени уште три цивили во „неипровоцираното“ кршење на Договорот за прекин на огнот од 2003 година помеѓу Индија и Пакистан.

Додека пакистанската армија соопшти дека во „неипровоцираното кршење на Договорот за прекин на огнот“ индиските војници убиле петмина цивили и еден војник, а уште три цивили и двајца војници се повредени.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка