Повлечена приказната за сириските „бунтовници“ од Би Би Си

Од:

Британскиот Би Би Си вчера објави вест со видео запис од Њујорк Тајмс во кое се опишува прилично суров чин на бунтовниците во Сирија. Се работи за заробеник, припадник на милитантната група Шабих, која се бори на страната на сириската војска.

По неколку дена заробеништво, на заробеникот му кажаа дека го пуштаат врз основа на размена. Му ставаат превез преку очите и го носат на непозната локација. Од тука му порачуваат да продолжи сам, со тоа што ќе мора да вози камион до пунктот на сириската војска.

Но она што затвореникот не го знаел, се истакнува во видео записот, е дека возилото е полно со експлозив кој бунтовниците сакаа да го активираат кога камионот ќе се доближи до пунктот на сириската војска. Планот не успеа, бидејќи при обидот за далечинска детонација, контактот не доведе до експлозија.

Оваа приказна откако беше емитувана на Би Би Си, само за неколку часа беше тргната од веб страната на телевизијата.

Веста беше објавена под насловот „Syrian rebels try to use prisoner for suicide bombing„ ( сириските бунтовници се обидоа да искористат затвореник како бомбаш самоубиец).

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски