Повик до француските сенатори да го усвојат законот против проституција

Од:

Околу 200 француски грдаоначалници и други политичари испратија отворен повик до Францускиот сенат – Горниот дом на парламентот, да го усвои законот со кој се засилува борбата против проституцијата, веќе усвоен од Националното собрание, јави дописникот на МИА од Париз.

Јавниот повик е потпишан меѓу другите од градоначалничката на Париз, Ан Идалго, на Нант Јохана Ролан, на Стразбур Роланд Рис, на Орлеан Серж Груар или на Мулуз Жан Ротнер. Тие потсетуваат дека „проституцијата е пред се искористувње на најранливите“ и ги повикуваат сенаторите да го усвојата законот, кој веќе доби широко мнозинство во Националното собрание, со кој меѓу другото за клиентите на проституцијата се предвидува кривично гонење. Тие понатаму се запрашуваат „како ќе ги воспитуваме децата дека се еднакви, дека постои еднаквост меѓу момчињата и девојчињата, ако мажите можат да ја искористуваат ранливоста на жените за да им наметнат сексуални односи за пари?“

Специјалната комисија на Сенатот во јули ја укина одредбата со која клиентите на проституцијата ќе бидат кривично гонети, со образложение дека таа е неефикасна за борбата против организиарните мрежи на проституција и дека таа ќе ги направи уште поранливи проститутките.

Јавниот повик беше објавен во момент кога поранешната проститутка Розен Хишер (57 години), денеска треба да пристигне во Париз откако помина пеш 800 километри низ Франција за да побара „аболиција на сексуалното ропство“ и кривично гонење на клиентите на проституцијата.

Нејзиниот пат низ Франција, таа го искорсти да го сенсизбилиза јавното мислење на проблемот со проституцијата, започнувајќи го разговорот најчесто со необичното прашање: „Дали веќе сте купиле жена?“

Сенатот се уште не го има ставено на дневниот ред законот.

Би можело да ве интересира

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот