Повици за нови протести во Венецуела, и од Мадуро и од Гуаидо

Од:

Двајцата водачи на Венецуела, Николас Мадуро и Хуан Гаудо ги повикаа своите приврзаници да излезат на улиците, поради прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Кревката економија на Венецуела е тешко погодена, парализирани се аеродромите, летови се откажани, отежната е работата на болниците, границите затворени и улиците се пусти. Банките се затворени, жителите не можат да подигнат пари, телефонските линии и интернетот се прекинати, како и снабдувањето со вода во зградите. Како што е наведено, без струја се 22 од 23 федерални држави во Венецуела.

Гуаидо преку „Твитер“ ги повика луѓето да се соберат масовно на улиците и да се спротивстави на, како што рече, узурпаторскиот, корумпиран режим што ја втурнаа Венецуела во темнината.

Мадуро, исто така, ги повика своите поддржувачи да протестираат против „империјализмот”. Венецуелската влада во петокот објави дека ќе обезбеди доказ на Обединетите нации (ОН) за одговорноста на САД за недостаток на електрична енергија.

Гуаидо пак ги обвини властите, односно венецуелскиот претседател Мадуро, за прекинок на електричната енергија.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски