Според резултатите од истражување спроведено од универзитетот Окфорд, повеќе од половина од пациентите со Ковид-19 отпуштени од болница и натаму чувствувале симптоми како што се отежнато дишење, замор, вознемиреност и депресија, два до три месеци откако биле заразени.
Студијата, предводена од научници од британскиот универзитет Оксфорд, го разгледа долгорочното влијание на Ковид-19 кај 58 хоспитализирани пациенти. Резултатите од студијата за Оксфорд покажаа дека два до три месеци по појава на Ковид-19, 64 проценти од пациентите страдале од отежнато дишење, а 55 проценти пријавиле значителен замор.
Магнетната резонанца покажа абнормалности во белите дробови кај 60 проценти од пациентите со Ковид-19, 29 проценти во бубрезите, 26 проценти во срцето и 10 проценти во црниот дроб.