Повеќето Австријци против ново проширување на ЕУ

Од:

Повеќето Австријци се против приемот на нови членки во Европската унија, а единствена земја, која би ја поддржале е Исланд, покажува истражувањетo на јавното мислење, кое го спроведе Друштвото за европска политика (ОеГфЕ).

Повеќето Австријци се против приемот на Турција во ЕУ, но и против влезот на земјите од Западен Балкан.

Според истражувањето, 57 отсто од Австријците би го поддржале приемот на Исланд во ЕУ, а 24 отсто се изјасниле против.

Само осум отсто од анкетираните го поддржуваат влезот на Турција, а 84 проценти се против членството на оваа земја во Унијата.

Приемот на Македонија го поддржуваат 26 отсто од Австријците, а 55 се изјасниле против.

Влезот на Србија го поддржуваат 27 проценти, а против се изјасниле 55 отсто.

Дваесет и седум отсто од анкетираните го поддржале влезот на Босна и Херцеговина, а 55 отсто се против.

Приемот на Албанија го поддржале 21 отсто, а против биле 61 процент,

Во однос на Косово 20 отсто од Австријците го поддржале членството во ЕУ, додека 63 отсто се изјасниле против.

– Ставот е дека ЕУ најпрво треба да се консолидира пред понатаму да се проширува, изјави Пол Смит, генерален секретар на ОеГфЕ.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија