Од вкупно 1.300 работници во фабрика во Гана, 533 се позитивни на новиот коронавирус, соопштија здравствените власти, без да прецизираат за која фабрика станува збор.
Вкупниот број на случаи на коронавирус во Гана се искачи на 4.012, односно се зголеми за 30 проценти за еден ден. Во таа земја, од последици на Ковид-19 починаа 18 лица.
Гана има најголем број заразени луѓе во Западна Африка, но, исто така е земја која спроведува најмногу тестови во тој регион