Повеќе од 30 светски лидери потпишаа апел за зачувување на климата

Од:

Повеќе од 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги покрена австрискиот претседател Александер Ван дер Белен во пресрет на конференцијата за глобалното затоплување на ООН, што ќе се одржи следната недела.

Според Иницијативата за поголема климатска амбиција, „климатските промени се прогласуваат за клучен предизвик на нашето време“.

Во неа се додава дека „сегашната генерација е прва која сведочи за брзото покачување на температурите ширум светот и веројатно последната која има шанса ефикасно да се бори против заканата од глобална климатска криза“.

Во Иницијативата се повикуваат државите да дејствуваат „заедно, одлучно и брзо“.

Од канцеларијата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер се наведува дека тој е меѓу потписниците, како и францускиот претседател Емануел Макрон, израелскиот претседател Рувен Ривлин и холандскиот премиер Марк Рут.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска