Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Од:

Група дипломати, поранешни државници и претставници на ОН почнаа да бараат политичка поддршка за мировна рамка со нови стандарди за решавање конфликти, укажувајќи на потребата од поголема креативност за да се избегнат грешките од минатото како оние во Мали и Авганистан.

Во Женева оваа седмица се одржуваат состаноци на групата наречена „Принципи за мир“ и на нив, меѓу другото, ќе учествуваат различни донатори и владини претставници.

Се наведува дека досега пет земји ја поддржале таквата иницијатива – Германија, Данска, Шведска, Швајцарија и Холандија, а во тек се преговори со други спонзори, но и со приватни донатори.

Се посочува дека во светот има повеќе од 50 активни конфликти, од Демократска Република Конго до Украина, кои засегаат околу две милијарди луѓе, а тоа е своевиден рекорд за периодот по Втората светска војна.

Поддржувачите на мировната рамка сметаат дека денешните мировници применуваат погрешна стратегија.

Поранешниот пратеник на Обединетите нации за Мали, Берт Кундерс и копретседател на групата „Принципи за мир“, на маргините на состанокот во Женева изјави дека моментално „посредниците за мир известуваат за погрешни идеи за стабилизирање на ситуацијата во одредени региони и потоа бараат начини за брзо повлекување на мировните трупи“.

„Тоа можеше да се види во Авганистан, како и во Мали, но тоа е погрешно“, рече тој.

Талибанците дојдоа на власт во Авганистан во август 2021 година, по повлекувањето на американските и другите западни трупи, а повлекувањето на Франција од Мали минатата година поттикна пошироко повлекување и на мировните сили на ОН.

Вториот копретседател на групата „Принципи за мир“, Ив Дакор, рече дека е клучно мировните процеси наместо меѓународни аутсајдери да ги предводат локално вкоренети лидери.

Извршниот директор на „Принципи за мир“ Хиба Касас, палестинец и поранешен функционер на ОН, смета дека сегашниот мировен простор е полн со недостатоци , нарекувајќи го „Дивиот Запад“.

И генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, работи на таканаречената „Нова агенда за мир“.

Поддржувачите на иницијативата на разговорите во Женева најавија дека новиот концепт ќе го спроведат во една источноафриканска земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска

Борел: Светот во 2022 година стана полошо место за човековите права

Ана Ололовска