Повеќе од 18,4 милиони луѓе на Рогот на Африка се изложени на ризик од глад

Од:

По две години суша, 18,4 милиони луѓе во областа на Рогот на Африка се соочуваат со закана од глад, покажуваат денеска објавените податоци од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

До септември, бројот на погодени луѓе во Етиопија, Сомалија и Кенија може да се искачи на 20 милиони. Веќе 7,1 милион деца во погодените области се сметаат за неухранети, а околу два милиони тешко неухранети, покажуваат објавените бројки.

Кризата се влошува со фактот дека недостигот на вода и храна предизвика смрт на околу седум милиони животни. За номадските и полуномадските народи во овие региони, загубата на говеда, овци и кози не само што им ја одзема економската основа, туку недостигот на млеко придонесе и за неисхранетост на децата.

Војната во Украина, исто така, создаде тешки последици по цената на храната во регионот, а недостигот на испораки на жито ја влоши ситуацијата со снабдувањето со храна и ги соочи програмите за хуманитарна помош со дополнителни предизвици.

Многу бунари пресушија, а цените за испорака на вода се зголемија за 71 отсто од ноември 2021 година, според OCHA. Покрај тоа, недостигот на вода доведува до влошување на хигиената и до здравствени проблеми. Од јануари 2021 година, повеќе од еден милион луѓе ги напуштиле своите села, вклучувајќи 805.000 само во Сомалија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска