Повеќе од 123.000 граѓани од Мјанмар побарале азил во Бангладеш

Од:

За 11 денови над 123.000 лица, повеќето муслимани Рохинги, избегале од Мјанмар и побарале азил во Бангладеш, соопштија Обединети нации, предупредувајќи од опасноста за хуманитарна криза.

Само во последните 24 часови, границата меѓу Мјанмар и Бангладеш ја преминале речиси 37.000 бегалци.

– Луѓето се сместени во бегалски кампови, на патиштата, во училишните дворови. Ќе дојде до недостиг на храна и вода, наведе Нур Хан Литон, заштитник на човекови права од Бнагладеш.

Насилствата во Мјанмар почнаа на 25 август, откако бунтовници од Армијата за спас на Рохингите во Аракан нападнаа десетици полицајци.

Како одоговор на тоа војската на Мјанмар почна голема операција во државата Ракхајн, што е окупирана од Рохингите.

Во судирите, досега се убиени 400 лица, од кои 370 се „терористи“ Рохинги.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви