Повеќе министри во Мјанмар задолжени за привлекување странски инвестиции

Од:

Со цел да се намали дебалансот на увозно-извозните резултати, во Мјанмар е извршена целосно промена на членовите на Националната комисија за привлекување на странски инвестиции, така што најголем број од 13-те члена во тоа тело се министри и заменици.

Потегот е направен по објавувањето на податоците, според кои, лани Мјанмар остварил извоз вреден 11,2 милијарди долари, но трговскиот дефицит изнесува 2,65 милијарди долари.

Од 1988 година кога Мјанмар, тогаш Бурма, ги отвори вратите за странски вложувања, во државата странците инвестирале  над 46,5 милијарди долари. Најголеми странски инвеститори биле кинески компании со над 16 и тајландски со 10 милијарди долари.  Лани во Мјанмар странците инвестирале 4, а во првите четири месеци од годинава 2,3 милијарди долари.

Според објавената стратегија, новиот состав на Комисијата најмногу треба да се насочи кон инвеститори подготвени да вложуваат во новите енергетски објекти, туризмот и некои сектори во земједелството.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска