Повеќе луѓе се повредени откако голем брод се навали во пристаништето во Единбург

Од:

Повеќе луѓе се повредени откако голем брод се се навали на десната страна на пристаништето во Единбург, пишува Sky News.

Голема спасувачка операција е во тек на бродот Империал Док. Шкотската служба за брза помош испрати пет амбулантни возила, воздухопловна амбуланта, три тима за траума и други ресурси на местото на настанот, додека противпожарната служба и полицијата исто така присуствуваа откако беа алармирани во 8.35 часот.

Скај њуз известува дека во несреќата има и жртви.

Советникот на областа Леит, Адам Меквеј, рече дека бродот се оттргнал од силните ветрови и тој го опиша инцидентот како „страшен“ за оние што биле на него.

Тој на Твитер напиша: „Службите за итни случаи реагираат на големиот инцидент на пристаништето во Лит. Застрашувачки за оние кои се во бродот, моите мисли се со оние кои се повредени и се надевам дека сите брзо ќе закрепнат. Ве молиме избегнувајте ја областа“.

Портпаролката на полицијата на Шкотска рече:

„Полицајците и колегите од службата за итни случаи реагираат на инцидентот на Империјал Док во Лит, Единбург. Полицијата беше повикана околу 8.35 часот“.

Dales Marine Services фирма која раководи со пристаништето изјави дека засега нема нема коментар за несреќата.

Би можело да ве интересира

Затвор за газдата и капетанот на „Атлантија“ на кој почина италијански турист, а две деца едвај се спасија

Грција испраќа брод со хуманитарна помош за Турција

Потона брод крај брегот на Јапонија

Брод за крстарење закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со коронавирус

Горан Наумовски

Холандски брод потона во Северното Море

А1он

Се расипа најголемиот брод на НАТО тежок 65.000 тони

А1он