Потврдена пресудата: Саркози мора да помине една година во домашен притвор

Од:

Францускиот апелационен суд ја потврди затворската казна на поранешниот претседател Никола Саркози за корупција и трговија со влијание. Судот му нареди на Саркози да отслужи едногодишна затворска казна дома, за време на која мора да носи електронска нараквица. Саркози првично беше осуден во 2021 година за обид за поткуп на судија во замена за информации за правен случај во кој бил вклучен.

Тоа беше прв пат во модерната француска историја поранешен претседател да биде осуден на затвор за корупција. Тој ја обжали пресудата. 68-годишниот Саркози, кој беше француски претседател од 2007 до 2012 година и се уште е влијателна личност, сè уште негира дека сторил нешто лошо, пишува Гардијан.

Неговите адвокати најавија дека ќе ја оспорат пресудата пред највисокиот француски суд. „Никола Саркози е невин. Ќе го одведеме ова до крај. Ние сме само на почетокот на процесот“, им рече на новинарите неговата адвокатка Жаклин Лафонт. Целосната казна на Саркози е три години затвор, што вклучува две години условна и една година може да ја одлежи дома со електронска нараквица.

Нему му беше изречена и забрана за вршење јавна функција во траење од три години. Доколку Саркози навистина ја оспори пресудата пред највисокиот француски суд, извршувањето на казната нема да започне додека тој суд не донесе одлука. Случајот се фокусираше на наводите дека Саркози и неговиот адвокат Тиери Херцог се договориле со судијата за да добијат и споделат информации за правната истрага.

Судењето следеше откако истражителите прислушуваа две од официјалните телефонски линии на Саркози и открија дека тој има и трета, неофицијална телефонска линија, преку која комуницирал со Херцог. Содржината на овие телефонски повици доведе до пресуда за корупција во 2021 година.

Уште едно судење ќе започне во ноември

На првиот ден од рочиштето за жалба во декември минатата година, Саркози рече дека никогаш не подмитил никого. Случајот е еден од многуте правни истраги започнати против Саркози откако тој ја напушти функцијата. Во ноември годинава повторно почнува неговото судење во жалбена постапка во т.н случајот Бигмалион, во кој прво беше осуден на една година затвор.

Во тој случај, обвинителите го обвинија тимот на Саркози дека потрошил речиси двојно повеќе од законското ограничување на неговата раскошна кампања за реизбор во 2012 година, користејќи лажни сметки од фирмата за односи со јавноста наречена Бигмалион. Тој негираше дека сторил нешто лошо.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток