Потрага во Велика Британија по џихадистот вклучен во егзекуцијата на новинарот Фоли

Од:

Британската полиција и безбедносните агенции покренаа потрага за да го откријат идентитетот на британскиот џихадист кој учествуваше во егзекуцијата на заробениот американски новинар Џејмс Фоли.

Милитантната сунитска милитантна група Исламска држава, објави видео снимка од моментите пред да биде убиен Фоли, кому џихадистите му ја отсекоа главата,како предупредување до САД, затоа што американската авијација ги бомбардира позициите на џихадистите во Северен Ирак.

Неидентификувани извори,за британските медиуми изјавиле дека најверојатно станува збор за човек кој зборува англиски јазик, во акцент, па се верува дека тој потекнува и живее во Лондон или во Југоисточна Англија.

Премиерот Дејвид Камерон кој по враќањето од Португалија, каде беше на летување, кое го прекина поради најновата ирачка криза,вчера се врати во Лондон, од Корнвол каде се одмара со семејството, за да присуствва на специјалниот состаник со безбедносните агенции и безбедносни ескперти, што се одржа во Даунинг стрит 10.

Камерон претходно изјави дека „многу е веројатно“ оти човекот кој е вмешан во јавното погубување на американскиот новинар, е Британец.

Британски безбедносни експерти веруваат дека овој човек,по се изгледа заминал преку Турција во Сирија, пред три години.

Според него, британските џихадисти обично се чувари на заробеници и на лица киднапирани од исламистите од ИД.

Полицијата во Лондон проценува дека повеќе од 500 британски муслимани заминале за да војуваат во Сирија со сунитските исламисти, за да се собори од власт шиитскиот сириски претседател Башар ал Асад. Досега, 69 лица се уапсени по нивното враќање во Велика Британија.

Американецот Џејмс Фоли (40) беше киднапиран во Сирија во 2012 година. Освен него, ИД тврди дека има уште западни зараобеници.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски