Потпретседателот на шведскиот Парламент на антисемтиската листа на „Симон Визентал“

Од:

Изјавите на еден од потпретседателите на шведскиот Парламент-Риксдаг, Бјорн Содер, поврзани со Евреите, од страна на центарот „Симон Визентал“ со седиште во Лос Анџелес се окарактеризирани како едни од десетте најлоши антисемитски настани во светот во текот на 2014 година, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Бјорн Содер, со пратенички мандат од редовите на екстремно десничарската партија Шведски демократи, позната по свите нетрпеливи ставови кон имигрантите и националните малцинства, во едно интервју за „Дагенс нихетер“ пред извесно време рече “дека мнозинството со еврејско потекло, кои станале Швеѓани, го напуштаат својот еврејски идентитет“.

Центарот „Симон Визентал“ е организација за заштита на човековите права со глобална дејност, која работи против антисемитизам. Овој центар упатува исто така и критика против Шведска дека прави малку за да ги заштити Евреите кои се изложени на напади од муслимани.

Бјорн Содер, кој ја извршува и функцијата секретар на Шведските демократи, денеска рече дека пласманот на листата на центарот „Симон Визентал“ го вознемирил.

– Тоа е застрашувачки, изјави Содер за Шведското радио, укажувајќи дека сознанијата на центарот „Симон Визентал“ биле површни и базирани само врз медиумски податоци, при што неговите изјави биле извлечени од контекст.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност