Потпретседателот на САД, Мајк Пенс ќе трча заедно со Трамп на претседателските избори во ноември

Од:

Делегатите од Републиканската партија на САД едногласно го номинираа Мајк Пенс за функцијата потпретседател на државата за следните претседателски избори кои ќе се одржат на 3 ноември оваа година.

Поради пандемијата на коронавирусот, двете партии во САД немаа можност за одржување на вообичаените предизборни конвенции како и за организирање на помали пленарни сесии.

Републиканската партија успеа да свика конвенција во Шарлот, но на неа учествуваа само шест делегати од секоја сојузна држава.

Од друга страна, Демократската партија ги одржува настаните виртуелно, каде номинираните претставници за највисоките државни функции ја презентираат својата програма преку видео обраќање.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ