Најмалку 20 лица починаа, а околу 10 се сметаат за исчезнати откако потона брод во делтата на Иравади, во Мјанмар, соопшти денеска полицијата.
На бродот, кој превезувал голем број гости кои се враќале од свадбена прослава и се превртел откако се удрил во товарен брод, имало меѓу 60 и 80 лица.
Локалните власти наведуваат дека спасувачките тимови трагаат по преживеани и дека спасувачката акција ќе трае цел ден.