Постигнат е напредок во израелско-палестинските преговори вo Каиро

Од:

Индиректните преговори меѓу Израел и Палестинците, што се водат во Каиро со посредство на Египет, во текот на ноќта беа прекинати и ќе продолжат во текот на утрешниот последен ден од тридневното примирје во Појасот Газа.

Според извор од палестинската делегација, постигнат е „напредок“, што, меѓутоа, не е доволен за постигнување договор.

Утрешниот ден ќе биде клучен за изнаоѓањето начин за трансформирање на примирјето во траен прекин на огнот во Газа, бидејќи Хамас предупреди дека нема намера за продолжување на примирјето доколку на преговорите во Каиро не биде постигнат договор.

Израелската делегација отпатувала за Израел, веројатно на консултации со Владата, соопштија од аеродромот во Каиро.

Според дипломатски извори, Египет предложил варијанта за трајно примирје, што, меѓутоа, не дава решение на основните разлики, како на пример, барањето на Хамас за укинување на израелската блокада врз Газа и барањето на Израел за разоружавање на Хамас.

Палестински претставник изјави дека предлогот на Каиро предвидува постепено укинување на блокадата.

Израелската делегација не го коментираше текот на преговорите, но според ИТАР-ТАСС, таа направила некои отстапки, како на пример, проширување на риболовната зона за Палестинците во Средоземно Море до шест километри со можност за дополнително зголемување и намалување на пограничната тампон зона до 300 метри.

Израел, меѓутоа, одбил да ја обнови работата на аеродромот и морското пристаниште во Газа се додека Хамас не се разоружа.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски