Посиромашните луѓе се похумани и посолидарни

Од:

Жителите на Мјанмар, која е една од најсиромашните држави во Азија, се најхумани луѓе на целата планета, покажува истражувањето на лондонската фондација „Черити“.

Жителите на Мјанмар, иако ни самите немаат доволно, најмногу од сите луѓе на светот даваат дел од своите пари на посиромашните. Тие, заедно со жителите на САД, го делат и првото место во општата категорија на дарежливост, која опфаќа дваесетина видови на човекова хуманост и солидарност.

Најновото рангирање на позитивните страни на човечноста во светот, „Черити“ го изработи врз основа на истражувањато на нејзини соработници во 135 држави во сбетот, кои го следат односот на луѓето кон помагање на сиромашните, доброволната хуманитарна работа, помош на непознати лица, особено на странци и други видови на благородно однесување кон своите сограѓани.

Лондонската фондација донела заклучок дека во лани луѓето генерално биле посолидарни со сиромашните во однос на претходните години. Процентот на тие што директно ја покажале хуманоста, помагајќи им на други, се искачил од 28,3 на 31,5 отсто. Опаднал само бројот на волонтери од 21,3 во 2013, на 21 проценти од населението во 2014 година.

Според човековата добрина и солидарност, меѓу 20-те „најхумани“ држави во светот, дури седум се од регионот на Азија и Пацификот.

Покрај Мјанмар, кој е прв, Нов Зеланд е рангиран на 6, а Австралија на 7 место. Луѓето од Малезија се на осмото место, а од Шри Ланка деветти. Во кругот на најдарежливите се и жителите на Бутан на 11, на Индонезија на 13 и на Иран на 19 место.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

Орце Костов

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он