Порошенко: Украина останува на договорот од Минск

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска на седница на националниот Совет за безбедност и одбрана дека Украина останува на договорот од Минск.

– Нема да дозволиме уривање на договорот од Минск. Се треба да се базира исклучително на него, истакна Порошенко, додавајќи дека е потребно да се обезбеди негово спроведување, и во рамките на Контакт групата.

Порошенко изјави дека за Киев приоритет е почитување на режимот на прекин на огнот, ослободување на заробениците, повлекување на странската војска, затворање на границите и почеток на политички процес за решавање на ситуацијата, што е во согласност со договорот од Минск.

Украинскиот претседател нагласи дека според договорот од Минска аеродромот во Доњецк треба да биде демилитаризирана зона.

Учесниците на седницата  на националниот Совет за безбедност и одбрана со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите во Мариупољ, каде вчера загинаа 30 лица, а 95 беа повредени.

Порошенко, исто така, нагласи дека министрите за надворешни работи на ЕУ и Украина ќе се сретнат утре. – Утре треба да биде одржана седница на министрите за надворешни работи на ЕУ, на која ќе бидат координирани постапките за обезбедување на безбедност на Украина и зголемување на притисокот на Русија, изјави украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје