Порошенко телефонски разговараше со Хамонд и Меркел

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко и шефот на британската дипломатија Филип Хамонд на средбата во Киев ја истакнаа неопходноста сите страни да ги почитуваат преземените обврски од Договиорот во Минск.

– Ќе биде многу опасно ако европските партнери стават розови очила и одлучат дека се е во ред, посочи Порошенко, додавајќи оти за деескалација на ситуацијата во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија.

Порошенко и Хамонд се согласија дека е нужно да се интензивира работата на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Украина

Тие разговарале и за соработка во економијата и во одбраната.

Хамонд потенцира дека Лондон „одлучно го поддржува суверенитетот и заштита на територијалната целост на украинската територија“. Тој посочи дека Европската унија е подготвена да ја поддржи политиката на санкции кон Русија и да воведе нови санкции ако ситуацијата ескалира.

Порошенко телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за ситуацијата во Источна Украина.

Порошенко и Меркел се согласиле дека е неопходно да се зголеми бројот на набљудувачи на ОБСЕ .

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина